Се вратил од викенд со марихуана - Дрога пронајдена кај осуденик во Идризово

Дрога пронајдена кај осуденик во Идризово. 

- На 04.01.2026 во 12:20 часот во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор-Идризово е пријавено дека околу 10:00 часот во установата, при извршен преглед над осуденикот Х.И.(49) од кичевско, кој претходно се вратил од викенд отсуство, била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.