Се уредува улицата позната како „Коритница“ во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподели дека започнале со акција за кастрење, проширување и уредување на улица 7 или позната како “Коритница”.

„Во должина од два километри од двете коловозни ленти се започна со чистење, кастрење и проширување на патот“, истакна Костовски во објава на Фејсбук и воедно додавајќи дека во процес на изработка е целосна проектна документација за реконструкција и уредување на оваа улица.

Тој исто така посочи дека општинските служби редовно го одржуваат овој пат кој води до Љубанци.