
Општина Гази Баба изврши уредување на просторот околу спортското игралиште со вештачка трева за мал фудбал во населбата Триангла. Како што информираа од локалната самоправа просторот се поплочува со павер елементи, што ќе овозможи чиста, безбедна и убава околина за спортување и рекреација.
- Овој зафат е дел од поширокиот план за уредување на јавни површини, патеки и скверови низ општината. Во наредниот период активностите продолжуваат во Автокоманда, Железара, Инџиково, Кирил Петрушевски и други делови на општината. Работиме посветено и транспарентно за подобар животен простор на сите наши сограѓани, рече градоначалникот Бобан Стефковски кој додаде дека се продолжува со нови проекти кои ќе донесат модерно, функционално и уредено урбано живеење!