Се уредува дворот и околината на училиштето „Блаже Конески“ во Општина Аеродром

Инвестициите за подобрување на училишната инфраструктура во Аеродром продолжуваат во основното училиште „Блаже Конески“, каде Општина Аеродром со поддршка на родителите и општествено-одговорни компании започна со уредување на дворот и околината на училиштето. 

Општина Аеродром информира дека на почетокот на годината бил реконструиран дел од внатрешниот простор, а сега ќе се изгради и првата еко-училница.

-На почетокот на оваа година беше реконструиран дел од внатрешниот простор, а со тековните инвестициски активности дечињата ја добиваат првата еко-училница за настава на отворено, како и нови летниковци, клупи, павер елементи и хортикултурно уредување. 

Континуираните инвестиции кои ги реализираме се директна поддршка за подигнување на квалитетот на образовниот процес. Модерно образование, со соодветни услови за одвивање на образованиот процес е цел на која сме сериозно фокусирани. Заедно и со здружени сили, им овозможуваме на најмладите подобри услови за спорт, рекреација и образование, соопшти Општина Аеродром.