Се удри ли повторно по џебот на граѓаните: Забранете ја цела пластична амбалажа ако сте за екологија!

Цената на ќесите за пазарување ги подели граѓаните.

Едни се задоволни што конечно ќе се крене јавната свест за заштитата на животната средина од штетната пластика, други негодуваат што повторно се удира по џепот на граѓаните. Првите веќе тргнаа на пазарување со платнена торба, другите велат нека џабе е да се елиминираат ќесите кога друг вид на пластика има насекаде – пластични шишиња, амбалажи за кафе, цефки...

Ги прашавме читателите дали одлуката „15 денари за ќесе во маркет“ е оправдана?

Еве што велат тие:

-Изговор за поскапувањето е загадувањето. Е па ајде ако сте за екологија забранете ја цела пластична амбалажа. Го ставате народот на трошок. Да ве видам ставете ја целата индустрија што пакува во пластика. Мислам дека тоа не можете да го направите. Најлесно ви е удри по народот финансиски и покажи му заби.

-Место ќеси од 15 денари зошто не направија подобар избор за складирање на пластика, картони, храна, стакло...Плус општините да даваат биоразградливи кеси за фрлање на храна. Така е на запад, а ќесите кои се пластични по користење се одложуваат во посебни канти за отпад. Оваа држава на секој можен начин го тишти народот!

-Со ќесите ќе правиме екологија? Колку пластични шишиња има во природата, колку отровен отпад се изгоре кај нас од цела Европа. Надвор смрди секоја вечер, ама битно од народот да се земаат пари.

-Ќесите што ќе ги купуваме за отпадоци, биоразградливи ли се ? Дупла заработатка со една одлука си изгласаа.

-Мерката би била во ред кога не би била претеран аи предвреме донесена. Екологија да, но не на овој начин. Процесот требаше одамна да почнеи постепено да се воведуваат забрани бидејќи е комплексен проблем, а ќесите се само еден мал сегмент од сето тоа.

-Скоро секој производ спакуван во пластика, ама ќесите пластични ќе ги плаќаме.