
Малолетник е тешко повреден откако во него удрило возило чиј возач побегнал од местото на несреќата.
- На 12.04.2026 во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар - Гостивар бил донесен малолетник од с. Балиндол со тешки телесни повреди. Според пријавеното, околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото, малолетникот бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот, информираа од тетовската полиција.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.