Четворица полицајци и уште две лица се повредени во сообраќајка во Куманово.
- На 13.03.2025 во 19.34 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Благој Илиев Гуне“ и „Страшко Симонов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(38) од Куманово и патничко моторно возило „голф“ сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ. и неговиот сопатник Б.А.(45) и четири полициски службеници од возилото на МВР, соопштија од полицијата.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.