Се судрија „ауди“ и автобус во скопско, две млади лица се повредени

21-годишник е тешко повреден при судир на „ауди“ и автобус „ман“ во село Маркова Сушица. 

На 29.05.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д.Д.(23) од Скопје и автобус „ман“, управуван од Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.К.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.