Сè што треба да знаете за жената родена во знакот Рак

Жената родена во знакот Рак е чувствителна, нежна, романтична, грижлива и креативна. Кога прв пат ќе ја видите, таа делува мирно и ненаметливо, а вториот пат веќе ќе ја засакате. 

Таа во себе крие многу чувства, а често може да биде тврдоглава за тоа што го чувствува. Има силна волја, истрајна е, но знае да биде и резервирана. 

Таа се грижи за луѓето околу себе и сака тие да се среќни. Никогаш не би останала насмеана ако некој околу неа е тажен. Жената Рак има силна интуиција и ги знае оние работи кои мислите дека вешто ги криете од неа.

Во љубовта е нежна и страствена, а совршен маж за неа е оној кој го сака домот и со кого таа може да пие вино додека гледа романтичен филм. Таа сака деца и за себе сака партнер кој го сака истото. По природа е грижлива и семејно ориентирана, па во врската секогаш дава повеќе одошто бара за себе. Сака мирен, стабилен живот, а сигурноста во љубовта и е најважна. 

Ужива во заведувањето и сензуалните фантазии, а сака маж кој во сексот е доминантен и покрај кого ќе биде секогаш задоволна. 

Во пријателствата е исто така грижлив и посветен пријател и за неа пријателството нема смисла ако не е тука за поддршка и утеха за нејзините пријатели. Своите пријателства ги чува како најголемо богатство, а луѓето со кои се дружи го знаат тоа.

Жената Рак преферира традиционален и конвенционален стил на облекување со нагласок на удобноста и женственоста. Белата, бледо сината и сивата боја се нејзиниот најдобар избор.

Оваа жена не сака да биде во центарот на вниманието, па ќе ја забележите како ненаметливо доаѓа на некоја забава во елегантна комбинација. Не носи многу шминка, а повеќе би потрошила пари на убав шампон или квалитетна купка за тело. 

Оваа жена е навистина посебна и тоа го забележувате уште веднаш кога ќе ја запознаете. Но, таа нема да открие сèза себе веднаш, а во тоа е и тајната не нејзината магија.