Се сеќавате на мачорот Изи? Твитерџија прашува: „Како стигаше сигналот од телефон до некоја конзола за игри во студио и кој ќе ни ги врати парите“

На социјалната мрежа „Х“, твитерџија со псевдонимот „The Cable Guy“ сподели интересна објава, која што пробуди спомени кај многумина кои се родени во деведесеттите години на минатиот век.

Станува збор за добро познатиот син мачор Изи, односно за познатата ТВ игра „Изи мизија“, која што тогаш одеше во живо на една од телевизиите со национална фреквенција.

Тогашните деца се сеќаваат дека „гејм плејот“ беше поминување на препреки преку кликање копчиња од домашниот фиксен телефон, односно мобилен телефон.

Но токму тоа го заинтригра овој твитерџија да постави едно многу добро прашање: „како стигаше сигналот од телефон до некоја конзола за игри во студио?“

„Да ми објасни некој експерт како стигаше сигналот од телефон до некоја конзола за игри во студио ? И кој ќе ни ги врати парите?“, гласи твитот на „The Cable Guy“.

На неговата објава се надоврза извесен Бојан, кој вели: „На фиксните телефони порано секоја бројка си имаше своја нота на звук. Мислам тој звук се преведуваше во лево или десно, со огромно закаснување“.

Сепак, имаше и такви кои што ова го оценија како измама.

Дали и вие бевте меѓу децата кои што мораа на родителите да им објаснат зошто е висока сметката за телефон?