Се сеќавате ли на оваа секси Македонка и нејзиното присуство на музичката сцена во 90-тите? (видео)

Маријана, Кети и Дијана, Весна, Ана, Бети и Билјана.. Дали се сеќавате на оваа атрактивна млада девојка и нејзиното присуство на македонската музичка сцена во средината на 90-тите?

Ена Веко моментално живее и работи во Сиднеј, Австралија, каде по раскинувањето на соработката со нејзиниот чичко, авторот на нејзините хитови, но и на многу други, Тоше Поп Симонов, заминала да студира психологија. Нејзиното вистинско име и презиме е Елена Домазетовска.

Кој би можел да ги заборави хитовите како До кога вака, Келнерот, Царевата ќерка, Мачомен… За подобро да ги евоцирате старите спомени, најдолу ве очекува еден хит  од албумот Бубачки и градски ѕверки.

Би сакале да ги споменеме и нејзините дуети со групата Легенда, хитот Признавам, не признавам и настапот на фолк-фестивалот Цветници 93, во комбинација со Мирко Митревски и групата Академци, во темата Си заљубив раперка.