Се санираа паркинзите во општина Аеродром

Во последните неколку дена Општина Аеродром изврши асфалтирање и санација на голем број од паркинзите низ општината кои беа оштетени и претставуваа пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Станува збор за тековна активност на општинските служби за одржување на инфраструктурата во Аеродром, при што се започна во реонот околу ,,Три Бисери”.

Предвидено е наскоро да се санираат ударните дупки и на други критични локации низ општината, информираа од општината.