Се руши „парапетчето“ во Градиште

По многубројните реакции во јавноста и информацијата од охридскиот градоначалник дека донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, денеска започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во автокампот „Градиште“.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески објави дека градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршиле увид, по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, како што напиша Георгиески на неговиот официјален Фејсбук профил  денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.

На еден месец пред одлуката на УНЕСКО и извештајот за тоа дали градот и езерото и натаму ги исполнуваат стандардите за заштитено културно и природно светско наследство и во време кога во Охрид треба да се урнат над 1.000 дивоградби, на плажата Градиште на Охридското Езеро некој почнал да си прави „парапетче“. 

извор-мкд.мк