Се реконструираат улиците Тодор Чангов 20 и Ѓорѓи Капчев 9

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Ивица Коневски на денешната, прес-конференција направи увид во градежните работи на реконструкцијата на улиците „Тодор Чангов“ број 20 и „Ѓорѓи Капчев“ број 9, кои се протегаат од булеварот „Февруарски поход“ до Усјанскиот канал.

Станува збор за промена на целата асфалтна конструкција со санација на пропаднатите места, како и промена на тампонскиот слој на улиците во вкупна должина од 1 километар и 240 метри и широчина од 6 метри.

Исто така, на улицата ќе се задржи постојниот тротоар, но каде што има потреба ќе се направи нов тротоар од 1,5 метри, што значи широчината на улиците ќе биде вкупно 9 метри.

Вкупната инвестиција за овој проект чини 20 милиони денари, по половина инвестиција со Град Скопје. Сето тоа се очекува да заврши за 90 дена.

Изградбата на овие улици значи зајакнување на инфраструктурата во оваа населба со што ќе се подобри животот на нејзините жители, изјави градоначалникот Коневски.