Се реконструира улица „Бетовенова“ во општина Бутел

Денес општина Бутел започна со реконструкција на улицата “Бетовенова” со површина од 4000 метри квадратни и должина од 400 метри. Оваа информација ја објави градоначалникот Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил

„Повеќе децении оваа значајна сообраќајница воопшто не е реконструирана, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓа. Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во населбата Бутел“, напиша Костовски

Тој посочи дека наскоро ќе почне да се гради и рекреативниот центар “Ударници” кој ќе се наоѓа во близина на улицата Бетовенова.

„Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел. Градежната офанзива е со силна динамика“, посочи Костовски.