Се реконструира паркиралиштето кај хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ (фото)

Градежните работи за уредување и реконструкција на паркинг-просторот кај хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ (поранешната Градска болница) се во тек.

На терен се врши реконструкција на дел од паркиралиштето, при што стариот и оштетен асфалт ќе биде изгребан и ќе се нанесе нов асфалтен слој.

Дополнително, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве ги искастрија гранките на околните дрвја.