Се „разбуди“ ли Данела на крајот од мандатот? Градоначалничката поприсутна од кога било!

Првата жена на главниот град, Данела Арсовска, веќе втора недела во центарот на вниманието на јавноста. 

Постојано е активна за скандалот со дивоградбите во Чаир и политичките хајки. По неколку пати на ден се огласува преку Фејсбук, прифаќа телевизиски гостувања, испраѓа соопштенија до медиумите... Претходно, беше недостапна за новинарите. 

- Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје, објави таа утрово на својот фејсбук профил. 

Тензично беше и вчера на вонредната седница на Град Скопје. 

- Илузорно е, популистички и целосно провидно да се смета дека дивоградбите ќе ги реши една седница на советот на Град Скопје, ова е мегдан каде коалицијата на власт на СДСМ и Левица прават театар и циркус од работата во Градот Скопје. 4 години Данела Арсовска имаше време да реагира за сите дивоградби, сега во последниве четири месеци реши да прави популизам и театар кој ние не го прифаќаме, посочи вчера советникот Стефан Кирков

Вклучувањата во живо од градилишта за кои вели дека се дивоградби, јавните повици да постапуваат институциите, обвинувањата дека власта им прогледува низ прсти на оние што градат дивоградби од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се циркус и парада пред избори.  

- Ова што го гледа македонската јавност е исклучиво само циркус и парада пред локалните избори, смета и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Во однос, на хигената на градот, скандалозно е однесувањето на Арсовска, сметаат повеќето скопски градоначалници, но и граѓаните, па така јавни препукувања имаше и на таа тема.  

Градоначалничката Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад, реагира градоначалникот на Аеродром 

Реакции имаше и од градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, додека градоначалникот на Чаир Висар Ганиу донесе отпад и го исфрли пред седиштето на Град Скопје. 

 Иако градоначалничката на метрополата Данела Арсовска има уште неколку месеци до крајот на својот мандат, веќе полека се

прават генерални оценки за сработеното од нејзина страна.  Скопјани со одговор на прашањето „По што ќе ја паметите Арсовска?“. 

Коментарите не се баш позитивни. 

- По се најлошо и како најлош градоначалник досега на Скопје, во целата историја. Недостапна за граѓани, за поплаки, за решенија, предлози ништо апсолутно. Арогантна до небо. Го запусти јавниот превоз до крај, градот се дави во депонии и пропаѓа, ништо не одржуваше, ништо не изгради, украсување лошо, им должи сеуште пари на пејачите од предминатата нова година и ред други лоши работи. Само знае да се кара со сите, да менува директори кога ќе и текне и да префрла одговорност на други, хаос направи. 

- По ѓубрето на секој чекор од Скопје. 

- Ќе ја паметиме по опструкциите што ги имаше од оние кои ја поставија 

- По злобата...

- По се најлошо. Го опустоши Скопје.

- По изгубеноста нејзина во свемирот. 

- По бесплатниот превоз, бидејќи го нема... 

- По инаетот и неработењето, и невоспитана, дрска што врти грб на новинари и не одговара на прашања а дебело платена ...

- По менувањето 44 директори...Од модерно Скопје стана руиниран контејнер. 

- По изгледот и новата фризура...

- Едни ја гласаа, за други обработување...