Калиопи сподели лажна вест на социјалните мрежи која се рашири низ интернет, наведувајќи дека починала.
Како причина за нејзината наводна смрт се наведени мозочна циста и срцев удар, а објавена е дури и монтирана фотографија од пејачката во болница.
„Секогаш велев дека нема добри и лоши луѓе, но има луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечки чин е поведена постапка до надлежните органи“, започна таа и додаде:
„Во минатото се случуваа разни злоупотреби на моето име, но ова ги надминува сите досегашни манипулации. Дали вие, нелуѓе, авторите на оваа лажна вест, дали сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми можеле да го прочитаат овој текст и дека директно можевте да им се заканите по животот? Апелирам до секторот за компјутерски криминал при МВР да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби“.