Се работи на улицата Тодор Александров која води кон Водно

Се завршува првата фаза од реконструкцијата на улицата Тодор Александров која води кон Водно. Со овој проект се обновува површина од 18.580 м2 на должина од 2820 метри, и воедно целосно се обновува и системот за одводнување, вклучително и нивелирање на шахтите и сливниците.

- Барањето за реконструкција на оваа улица по која секојдневно се движат илјадници заљубеници во природата кон Водно, е истакнато како децениски проблем со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот при движење по коловозот, информираа од Град Скопје. 

Изведбата на градежните зафати на овој проект за реконструкција на улицата Тодор Александров ги изведува Јавното претпријатие “Улици и патишта”, додека Јавното претпријатие “Паркови и Зеленило” едновремено отпочнува со акција за зазеленување со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно.