Управата за јавни приходи во соопштува дека биле направени над 20 контроли на манифестациите манифестациите "Егзит" во Струмица и "Тиквешки Гроздобер" во Кавадарци. Од извршените контроли биле пронајдени непрвилности кај 5 трговци кои не издавале фискални сметки ниту пак воделе трговска книга.
„Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите "Егзит" во Струмица и "Тиквешки Гроздобер" во Кавадарци. Од извршените контроли, кај 5 даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај. Управата за јавни приходи пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони“, се вели во соопштението.
Од УЈП посочуваат дека работните средби и контролите продолжуваат и понатаму.