Се променив и веќе не дозволувам никој да ме искористува

 

Никогаш повеќе нема да дозволам некој да ги искористи мене и мојата нежна природа. Никогаш повеќе нема да прифатам да ме третираат како опција. Никогаш повеќе нема да дозволам некој да ме влече наоколу и да се чувствува целосно слободен да влегува и излегува од мојот живот како што сака.

Јас веќе не сум жената што некогаш ја знаевте. Повеќе не застанувам на глава за да им угодувам на другите.

Нема да направам се на светот за луѓе кои не можат ни да се удостојат да ме прашаат како сум. Нема да се трудам ако другата страна не го стори истото. Порано бев тип на човек кој се возбудува секогаш кога некој прави нешто мало за да покаже дека се грижи за мене или дека е благодарен за нешто.

Јас повеќе не сум таа жена. Се променив и пораснав многу од нашата последна средба. Бев наивна и невина. Им верував на луѓето со целото мое срце. Бев некој кој го гледаше само доброто во луѓето и нивниот скриен потенцијал. Отсекогаш верував дека тие се многу подобри отколку што всушност беа и тоа ми донесе само болка и разочарување.

Сега ја научив лекцијата. Ми требаа многу години да бидам лажена, изневерена, манипулирана и повредена толку многу пати, што конечно сфатив дека јас сум единствената личност одговорна за мојата несреќа затоа што дозволувам другите да се однесуваат со мене така.

Сега мислам дека тоа веќе не е лоша работа. Сета тага и разочарување низ кои поминав ме претворија во жената каква што сум денес. Денес сум силна и полна со самодоверба, верувам во себе и во своите способности.

Престанав да бидам мека. Никогаш повеќе нема да дозволам некој да ги искористи мене и мојата нежна природа. Никогаш повеќе нема да прифатам да ме третираат како опција.

Никогаш повеќе нема да дозволам некој да ме влече наоколу и да се чувствува целосно слободен да влегува и излегува од мојот живот како што сака. Никогаш повеќе нема да ги намалам моите стандарди и очекувања за некого, без разлика колку се грижам за таа личност.

Не одговарам веднаш на повиците од луѓе на кои им требаше една недела да одговорат на мојата порака. Не оставам простор во мојот распоред за некој кој постојано откажува и не го почитува моето време. Никогаш нема да се обидам да направам среќен некој кој не се потрудил да ме направи среќна

Моите чувства се важни. Јас сум важна.

Никој никогаш повеќе нема да ја искористи мојата добрина затоа што повеќе не го дозволувам тоа. Конечно дојдов до точка во мојот живот каде што отфрлам секаква токсичност.

Можат да ми кажат дека сум кучка, но не ми е гајле. Сега знам колку вредам.

Знам што заслужувам и како сакам другите да се однесуваат со мене и нема да се задоволам со ништо помалку, никогаш повеќе.

~ Мери Врајт, „Моќта на тишината“