Се појавија крлежите: Предизвикуваат лајмска болест, побарајте лекарска помош

Крлежите најчесто се закачуваат на домашни животни и миленици кои ги пуштате надвор, но може лесно да преминат и кај луѓето. 

Дури и ако забележите крлеж кај вашето милениче, добро би било да побарате помош од ветеринар. 

Доколку е закачен за вашето тело, побарајте лекарска помош за вадење и натамошно лекување. Крлежите можат да бидат преносители на бактерии кои предизвикуваат лајмска болест. 

Загризот на крлежот е безболен, но потоа можете да почувствувате чешање и црвенило сконцентрирани на површина на кожата со големина на монета. Оваа трага ниту боли, ниту чеша, но може да се прошири и на други делови од телото. Секундарни симптоми се вртоглавици, замор, поспаност и главоболки. 

Симптомите некогаш се појавуваат и по недела или две од убодот. 

Не секој крлеж е заразен и не секој убод може да биде опасен. Лекарите знаат како да го извадат од вашето тело, а најчесто пациентот се упатува по неколку дена да прими инјекција тетанус, за спречување на загадување на крвта. 

Доколку ви е дијагностицирана лајмска болест, тоа значи дека неколку месеци ќе треба да се придржувате на детоксикациски режим на исхрана препишан од лекар, како и на терапија. 

Во секој случај, никогаш не се обидувајте самите да го извлечете крлежот од своето тело, туку препуштете го тоа на медицинско лице.