Се појави корисна фејсбук група - Македонците бараат чаре со кризата!

Инфлацијата и кризата несомнено се една од главните теми кои ги преокупираат Македонците.

Преку медиумите се шири постојана паника дека зимава која е пред нас ќе биде исклучително тешка. Повисоките цени на енергенсите ја поскапуваат храната, а во следните месеци треба да се мисли и за затопување на домовите со цел нормално функционирање.

На Фејсбук се појави и група во која членовите, како што велат, ќе ги споделат начините и триковите со кои може вистински да се заштеди нешто, полесно да се преброди кризава која зема сѐ поголем замав...

Групата носи назив „Криза – совети и трикови за штедење“ и е јавна, односно секој може да ги следи нејзините објави, да споделува и/или коментира.

-Кои навики треба да ги смениме? Еве, јас ќе почнам. Наместо да ја вклучите греалката или еркондишнот, веднаш по станувањето од кревет облечете нешто. Некој џемпер или подебел дуксер и некои топли чорапи, и влечки... – гласи првиот совет од администраторот на групата.

Во групата има голем број корисни совети за заштеда на електрична енергија во домаќинствата кои можеби ќе ви се најдат.

На пример:

-Полначот, кога е нон-стоп во штекерот троши непотребно струја - вади го полначот од штекер после користење или: користи штекер-лајсна со шалтер за исклучување.

-Фрижидери & ЗАМРЗНУВАЧИ (лесна имплементација): Ако ја отворите вратата само накратко и повторно ја затворите што е можно побрзо. Ова го спречува формирањето на слој мраз внатре. Покрај тоа, помалку амбиентален воздух влегува во замрзнувачот, кој потоа повторно се лади.

-Ако имате под: паркет, ламинат, плочки ... стоперкиве за промаja за врати се многу ефикасни - а ефтини (ги користам веќе неколку години).

- Машината за перење не ја чистете со сода на 90 степени, туку ставете коцка за миење садови и вклучете на кратка програма.