„Се погласни се гласините дека Стевчо ќе издаде дозвола за 28-катница“, тврди претседателот на советот во општина Карпош

Покрај излагањето на ТВ од страна на Стевчо се погласни се гласините дека сепак ќе издаде дозвола за 28 катницата во општина Карпош, вели Претседателот на советот на општина Карпош во својата последна фејсбук објава и додава дека тоа е причината поради која Јакимовски преку администрацијата избегнува да свика седница на советот.

Ристов на својот фејсбук профил, утрово информираше дека поднел барање за свикување на седница на советот на општината Карпош со единствена точка на дневен ред која се однесува за стопирање за издавање на градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП за градска четврт З 05 блок 0 која согласно интерната комуникација би требало да помине „глатко“ односно да биде поддржана од независните, но и советниците од Левица, Гром, ВМРО – ДПМНЕ.

- Повторното оневозможување да се одржи седница ќе биде јасен сигнал кои се всушност плановите на градоначалникот. Дополнително, оневозможувањето не само ќе биде кршење на закон туку и брутален анти демократски чин за попречување гласачите да бидат претставени од своите избраници, потенцира Ристов во својата објава.