Се ослободуваат „заробените“ дрвја во Карпош

Општина Карпош продолжува со  акцијата за „ослободување“ на „заробени“ дрвја од градежни материјали. Овие денови, екипи работат на отстранување на бекатон плочки и  асфалт околу 16 дрвја во должина на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4.

Со отстранувањето на градежните материјали, се овозможуваат услови за подобар развој на дрвото и негова поголема функција во апсорбирањето на прашината и штетните гасови.

Локалната самоуправа, покрај тоа што води сметка за садење на нови дрвја, во континуитет се грижи и за одржување на постоечкото зеленило и веќе развиените садници.