Се огласи ексминистерот: Немам закани по живот, но имам обезбедување

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче ќе има лично обезбедување иако веќе не е министер за здравство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Фокус.

Филипче за Фокус вели дека не е точно дека имал смртни закани, но потврдува дека ќе има обезбедување.

-Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци, вели Филипче за Фокус.