Се однесувале агресивно кон полицајци - Уапсени тројца скопјани

Вкупно тројца скопјани се уапсени за агресивно однесување кон полициски службеници, во два одделни случаи. 

На 22.11.2022 во 22.40 часот во казино во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.А.(51) од с.Трубарево затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата. 

На 23.11.2022 во 00.10 часот во населба Хиподром – Скопје, полициски службенци од СВР Скопје ги привеле Ж.Б.(47) и Г.С.(47), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во денешниот билтен од МВР.