Се одлага Цветниот фестивал поради корона вирусот

Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги информираат сите љубители на цвеќе дека поради вонредната ситуација со корона вирусот, оваа година се одложува одржувањето на Цветниот фестивал се до моментот кога ќе се нормализира состојбата и ќе се создадат услови за негово одржување.

Цветниот фестивал традиционално се одржуваше во месец мај, во организација на ЈП „Паркови и зеленило“ и под покровителство на Град Скопје.

Од претпријатието веруваат и се надеваат дека наскоро ќе ги израдуваат граѓаните кои ќе уживаат во прекрасните мириси и бои на растенијата и цвеќињата.