Се очекува поголема донација вакцини „Џонсон и Џонсон“ од Данска

Од Данска се чека донација од 250 илјади дози од вакцината „Џонсон и Џонсон“, со рок на траење до 2023 година. 

Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција. 

Вчера Министерството за здравство соопшти дека стигнале 110.612 вакцини против ковид-19 од „Фајзер-Бионтек“, кои се купени преку Ковакс-механизмот, а до крајот годината е најавена испорака на уште 100 илјади вакцини од овој производител.

Во следниот период се предвидува вакцинација со трета доза, на лица кои треба да ја примат.