
Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишник од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот пред неговиот стан на подрачјето на Бит Пазар, неговата тетка А.Н. му упатувала закани и се обидела насилно да влезе во станот, по што истурила боја пред влезната врата, информираат од МВР.
Според пријавеното, таа ѝ претходно доаѓала пред неговиот дом.
Од МВР додаваат дека за настанот бил известен јавен обвинител.