Се монтираат семафори на бул. Христијан Тодоровски Карпош и ул. Боца Иванова во Бутел

Екипите на ЈП „Улици и патишта", одговорни за одржување на светлосната сообраќајна сигнализација, во текот на денешниот ден ќе монтираат нови семафорски портали на крстосницата помеѓу булевар Христијан Тодоровски Карпош и улица Боца Иванова во Бутел.

Поради поставување на новите портални семафорски столбови, на крстосницата нема да се одвива сообраќај, а крстосницата ќе биде затворена за сообраќај до завршување на работните актовности. 

ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.