Се менува покривот на ОУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“

Од Општина Ѓорче Петров доаѓа одлична вест за најмладите, наставниот кадар и родителите.

Оттаму информираат дека се во тек активности за менување на покривот на централното основното училиште „Димитар Поп Георгиев- Беровски”.

Општинските власти истакнаа дека се поставуваат најсовремени лимени панел-плочи, со изолација и одлична хидро заштита.