Се изнајмуваат викендици - ковид пандемијата не ги предомислува граѓаните за славење на Нова година

Граѓаните и во услови на ковид пандемија, не се откажуваат од славење на Нова година. Еден месец пред Нова година, а викендиците по туристичките центри во Македонија, веќе се изнајмуваат и се бара соба или кревет плус. 

Берово, Крушево, Маврово, Пониква, Попова Шапка, Охрид се најпопуларнте дестинации за новогодишните празници. 

И туристичките агенции неодамна излегоа со свои понуди. На прво место е Турција, а тука се и македонските туристички центри. 

Турција единствена земја каде може да одиме без ограничувања, па така цените таму почнуваат од 69 евра па нагоре. 

Новогодишните забави по рестораните и кафулињата оваа година нема да се организираат. А дочек на Нова година нема да има ниту на плоштадите. 

Иако, се уште нема протоколи за дочек на Новата годна, надлежните постојано апелираат да се седи дома, да нема групирање и да се носи маска.