
Лепа Брена со синоќешниот концерт во Охрид и натаму топ тема во јавноста.
Ѕвездата од Југославија по 40 години повторно го наполни стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, забавувајќи ја публиката скоро два часа.
На социјалните мрежи поделени ставови. Дел од публиката задоволни од предобрата атмосфера и енергијата на единствената лепа Брена која веќе е во седмата деценија од животот, други „хејтаа“ дека се пее „Ја сам Југословенка“ во очи на Илинден.
Инаку пејачката ја отпеа и „Македонско девојче“.
- Докажана естрадна ѕвезда прифатена од сите генерации, дури и меѓу најмладите и секако уште една од асоцијациите за љубовта, неоптеретеноста и обединетоста меѓу луѓето на овие простори, сподели една нејзина обожавателка која беше на синоќешниот концерт во Охрид.
- Продавам две карти за концертот на Лепа Брена во Охрид на 2 август, поради психичка растроеност да пеам на Илинден "ја сам Југословенка". Цена 2 х 20.000 денари, гласеше една саркастична фејсбук објава.
Честит Илинден со Лепа Брена и Саша Ковачевич, земјо продадена испокрадена
— Лазо (@PravoslavenJedi) August 1, 2025
Лепа Брена вечерва пееше ,,УЏИ СЛОБОДНО" а влезница 1200 денари.
— Тарзан Други (@tarzancina1) August 1, 2025