Се гради пристапна рампа кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве интензивно работат на изградба на рампа за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај.

Пристапната рампа е поставена паралелно со скалите, а во тек се подготовките за бетонирање. 

-Со изградбата на оваа рампа ќе се овозможи полесен пристап до мостот во Сарај за сите граѓани, за лицата со потешкотии во движењето, за родителите со мали деца, велосипедистите и за рекреативците, велат од Град Скопје. 

Изградбата на рампата се очекува да заврши до крајот на месецов.