Се гради ново училиште во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во изградбата на новото училиште во општината во склоп на училиште „Гоце Делчев“.

-Ќе направиме напори во наредната учебна година да воведеме целодневна настава и целодневен престој на нашите најмали дечиња, затоа што тоа е еден од најглавните приоритети на нашето население, нашите сограѓани, што ги ветивме во изборната кампања. Од наредната учебна година, тоа и ќе го овозможиме, рече градоначалникот Георгиевски.

Исто така, од наредната учебна година во ова основно училиште ќе се направи и сензорна соба за дечињата со попреченост што е новитет кој што досега го немало во основните училишта во општина Илинден.

-Продолжуваме со проекти, ново училиште во Илинден за целодневна настава во општината и сензорна соба за децата со попреченост, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.