Се готви покачување на ДДВ во Македонија: Се ќе поскапи за 3%

Повисоки придонеси, зголемување на данок на добивка, па дури и на ДДВ? Фискалната консолидација наметнува болни мерки, но неизвесно е кои од нив ќе станат и реалност. Експертите се поделени, бизнисмените загрижени, анализира Дојче Веле.

Поволни странски позајмици во комбинација со зголемување на даноци – Владата сериозно ги разгледува опциите кои ѝ стојат на располагање за интервенција во насока на фискална консолидација.

Според информации на Дојче веле, во консултации со експертската јавност веќе се разгледуваат неколку опции. Клучната дилема околу која се кршат копјата е кое од решенијата да се примени веќе со наредната фискална година. Во игра се повисоки придонеси, поголем данок на добивка, а на маса е ставен и предлог за зголемување на данокот на додадена вредност:

„Во игра се неколку опции, а на маса е и прашањето за данокот на додадена вредност. Евентуално да се оди на зголемување на ДДВ за 2 до 3% со што би се обезбедил сериозен прилив на финансиски средства со кои би се покриле огромните буџетски дупки. Ефектот од ова би бил голем, а последиците минимални. Некои производи ќе поскапат незначително, а дел и ќе останат со исти цени. Сѐ ова засега е на ниво на идеја и предлог, но нешто мора да се менува бидејќи пари нема“, открива за Дојче веле експерт вклучен во целиот процес.

Непопуларните мерки се неопходни!

Клучната дилема според него е дали, колку и од кога да се корегира персоналецот и данокот на добивка. Интервенциите можеби се непопуларни, но се неопходни за подобрување на состојбите:

„Апсолутно се потребни непопуларни мерки, како на пример онаа за ДДВ. Или ќе имаме сериозен и храбар министер за финансии или повторно нема да се обезбедат ефикасни политики кои ќе генерираат развој и ќе ги покријат дупките. Па само годишно во Фондот за пензиско се префрлаат по 500 милиони евра, што е трагедија. Се протежира персоналецот да се зголеми на 18%, но тврдам дека оваа мерка ќе демотивира и нема да го даде посакуваниот ефект. Ако сакаат екстра пари минимално нека не ги чепкаат персоналецот и данокот на добивка, или максимум до 12%, но не од наредната година, туку евентуално од 2019-та, коментира тој за Дојче Веле.

За граѓаните зголемување на ДДВ од 18% на 21% ќе значи поскапување на се што можете да купите. Па така, еден производ кој со ДДВ чинел 118 денари, со новата стапка ќе поскапи на 121 денар.

 

cheap nike free run 5.0