„Се гледа корупција“ на небото над Скопје

Авион со порака „Се гледа корупција“ надлета над главниот град. 

Сведоштва за ова има на социјалните мрежи, но нема подетални информации кој е нарачател на кампањата.

Сепак, ваквата порака веќе го привлече вниманието на граѓаните, а фотографија се појави и на Твитер.