Сè е подготвено за доаѓањето на H&M на нашиот пазар, вели директорот на Ист Гејт Мол

Се чини дека H&M беше брендот кој Македноците со нетрпение го очекуваа, а конечно, наскоро ќе биде достапен во Ист Гејт Мол. 

Како што нагласи директорот Игор Давков во интервјуто за Скопје Инфо, преговорите траеле долго, а било сосема очекувано брендот да го избере токму Ист Гејт Мол како место каде за првпат ќе отвори своја продавница во Македонија. 

„Ист Гејт Мол како регионална дестинација беше прв и природен избор на овој глобален бренд за влез на македонскиот пазар. Потенцијалот на центарот беше пресуден овој огромен ритеил магнат, во услови на пандемија, кога ритеил бизнисот се повеќе се сели онлајн, да се позиционира на нашиот пазар на површина од приближно 2500м2“, вели тој, додавајќи дека H&M веќе го презеле просторот и работат на неговото внатрешно уредување, соодветно на нивните барања и стандарди.