Општина Центар започна акција за чистење на две големи депонии на Кале, а сликите покажуваат вистинска еколошка катастрофа.
- На депонијата службите затекнаа секаков вид отпад за кој беше потребно да се ангажираат дури три камиони кои беа преполнети со ѓубре и кабаст отпад. Ова не е прв пат нашите хигиеничари да го чистат овој дел на Центар темелно и со ваков итензитет. И повторно да го затекнат истото на терен, велат од општина Центар и упатија апел до граѓаните сите заедно да се грижиме за нашата средина.
- Време е да ја преземеме одговорноста и да создадеме чиста и здрава иднина за сите на нас, порачаа од локалната самоуправа на Центар.