Граѓаните од Македонија секојдневно заминуваат во Грција на одмор, со што се создава застој на граничните премини.
Утрово на ГП Богородица е забележана зголемена фреквенција на сообраќај, колони и редици и чекање дури и по цел час за да се премине границата.
Грција и понатаму останува омилена туристичка дестинација на Македонците. Минатата година границите беа затворени, но сега, следејќи ги посебните услови за влез (негативен ковид-резултат или сертификат за вакцинација), сите се во можност да заминат на одмор.
Исто така, од денес е отворена и границата кон Бугарија, но засега нема гужва, ниту застој.