Се асфалтираат неколку улици низ главниот град

Екипите на ЈП „Улици и патишта", во изминатиов период, работат на реконструкција на коловозите и тротоарите во населеното место Кондово и тоа улица 7 и улица 8 во општина Сарај ,а деновиве ја нанесуваат и новата асфалтна маса.

Исто така ја реконструираа и ја асфалтираат улица Белградска со изведба на еден тротоар, а работат и на реконструкција на тротоарите,односно велопатека на улица Никола Парапунов во општина Карпош.
Во градски парк во близина на Сточарскиот институт асфалтиран е другиот дел од паркинг локацијата , како и паркингот во ЈП „Лајка„“. Саниран е мостот во населба Бардовци,а санирани се со фугобит пукнатините на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов и поставени се и залиени јамките за семафори на булеварот Александар Македонски.
Санирани се заштитните столбчиња на улица 11ти Октомври,а поставени се нови заштитни столбчиња за безбедност на минувачите на улицата Никола Тесла кај новиот парк.
Се чистеше Усјанксиот канал, односно косините на коритото , се заменуваа сите оштетени семафори од сообраќајни незгоди и активно се извршуваат градежните активности за семафоризација на булеварот Босна и Херцеговина.
Во теков на изминативе денови обележана е хоризонталната сигнализација на улицата Никола Парапунов ,а се обележуваат улица Благоја Стефковски,Борис Сарафов и улица Никола Карев.
Зимската служба на ЈП Улици и патишта будно ја следи состојбата на терен од 15ти Ноември, преку 24 часовни дежурства во пунктовите на фирмата и снабдени со ресурси ќе интервенираат според временските услови.