Се асфалтира под рефлектори, Трајановски покажа како се одвиваат работите на експресниот пат Страцин - Крива Паланка

Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски на неговиот Фејсбук профил покажа како се одвиваат градежните активности на клучката кај Страцин. Имено градежната механизација под рефлектори ја асфалтираше оваа патна делница што претставува реткос во Македонија.

„Вечерни градежни активности на клучката кај Страцин,се асфалтира под рефлектори. Со ова темпо на работа, можам комотно да најавам дека до крајот на оваа година ќе се вози по новиот експресен пат Страцин - Крива Паланка. Македонија за тебе“, напиша Трајановски.