СДСМ: Нудиме три политики за повеќе пари кај граѓаните

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција кажа дека политиките на власта не го даваат посакуваниот резултат додека македонската економија е во слободен пад.

Според неа СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните:

- Зголемување на минималната плата на 450 евра веднаш.

- Укинување на ДДВ за храната што ќе значи заштеда до 2.000 денари за секое семејство.

- Итна примена на законот за нефер трговски практики за спречување на раст на цените.

Власта не треба води инает туку да ги прифати овие решенија затоа што се добри за граѓаните. Со законите на СДСМ, секое семејство ќе има повеќе пари во семејниот буџет“, соопшти Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.