СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на 12.декември ќе го избираат својот претседател на партијата

Двете најголеми политички партии во земјава, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на 12 декември ќе ибираат претседател на партијата.

На вонредните избори за нов лидер на партијата, во СДСМ ќе се избира меѓу кандидатите Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, лидер ќе се бира на Конгрес. Досега единствено досегашниот претседател, Христијан Мицкоски, ја најави својата кандидатура. Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, секој кој ги исполнува условите, може да се пријави, дури и до самиот ден на изборите 12-ти декември, недела.