Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески ги отфрли оценките дека судовите носат одлуки под притисок или влијание на Јавното обвинителство, осврнувајќи се на реакциите по одлуките во предметите „Ласкарци“ и против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

По седницата на Советот на јавни обвинители, Савески порача дека судските пресуди се темелат на законите и доказите изведени во конкретните постапки.
„Не можам да прифатам и апсолутно сметам дека е погрешен впечатокот дека судовите ги носат одлуките под притисок, под влијание или во служба на Јавното обвинителство. Пресудите се носат во име на граѓаните на Република Северна Македонија, врз основа на примената на законите и доказите што се содржани во тие предмети“, изјави Савески.
Во врска со предметите „Ласкарци“ и „Стевчо Јакимовски“, тој појасни дека Врховниот суд не ги оценувал самите обвиненија, туку одлуките што ги донеле судовите од прв и втор степен.
„Врховниот суд не ги ценел обвиненијата, туку одлуките на второстепениот и првостепениот суд“, рече Савески.
Тој се осврна и на предметот „Пулс“ и можноста Дејан Јованов – Деко да биде пуштен од притвор поради истекување на законскиот рок. Според Савески, роковите за притвор се утврдени со закон и мора да се почитуваат.
„Траењето на притворот е регулирано со закон и со максимални рокови. Во овој случај е извесно дека тие рокови наскоро ќе се исцрпат“, изјави тој.
Савески не сакаше да шпекулира дали обвинителството ќе побара друга мерка за обезбедување присуство на Јованов, посочувајќи дека за тоа ќе одлучат обвинителите кои го водат предметот.
Во однос на дисциплинската постапка поврз