Сатурн ги открива нашите стравови и скриени способности: Лавовите во кризни ситуации се вистински лидери, а рибите одлични советници

Скриените способности кои ги симболизира Сатурн во наталната карта нѝ помагаат да градиме стабилен живот и да бидеме успешни во сѐ што правиме.

Знакот во кој се наоѓа Сатурн ги симболизира нашите скриени способности, а ќе ги откриеме и ќе ги искористиме дури кога ќе се најдеме во некоја кризна ситуација која ќе нѐ исфрли од комфорната зона и ќе нѐ присили да бидеме креативни во решавањето на предизвиците...

Лидерски способности – Сатурн во овен, лав или во стрелец

Кога се наоѓа Сатурн во огнен знак во наталната карта, тој означува чувствително его. Можеби не сте сигурни во своите способности и се плашите од порази. Вашата скриена способност всушност лежи да се наметнете, да се докажете и да бидете лидер. Кога ќе се најдете во кризна ситуација, сами ќе се изненадите од вашите лидерски способности. Со преземање иницијатива создавате сопствено чувство на сигурност и не сакате да се препуштате на туѓите одлуки. Во себе ќе ја откриете желбата за поместување граници и за поставување сопствени правила, а уште повеќе ќе ве изненади подготвеноста на другите да ве следат во работите кои ги правите со голема леснотија. Ќе забележите дека и не е така лошо да бидете во центарот на вниманието, а внатрешна сила ви даваат вашите цврсти ставови и големата верба во исправноста на сопствените цели. Можеби сте срамежливи, но тоа успешно го прикривате. Кога еднаш ќе ја откриете својата способност за водење, никогаш повеќе нема да имате потешкотии во преземањето иницијативи. Ќе сфатите дека успехот доаѓа кога сами ќе ги осмислите своите цели и ќе ги активирате сите свои вештини и знаење за да ги исполните. Кога верувате во своите цели и кога преземате иницијатива, станувате пример за другите.

Обезбедување материјална сигурност – Сатурн во бик, девица или во јарец

Ако вашиот Сатурн се наоѓа во некој од земјените знаци, вашите стравови се врзани за темата вредност. Можеби не сте сигурни во сопствената вредност, па најчесто се потценувате. Затоа се помирувате со премала плата, а темата финансии секогаш е посебно чувствителна, било да имате премалку пари или да се плашите дека ќе ги изгубите. Создавањето материјална сигурност за вас е тешка работа и се плашите од неуспех. Скриената способност на Сатурн во земјените знаци е во тоа точно да знаете колку вредите, како добро да заработувате и како успешно да располагате со парите и со материјалните вредности. Со помош на енергијата на Сатурн никогаш нема да ви биде тешко да работите, а тоа станува уште полесно кога знаете дека сте солидно платени. Не се плашете да побарате да ве платат онолку колку што вредите, а одговорноста и стабилноста со која зрачите со леснотија ќе ви го донесе она што го сакате. Кога ќе се запознаете со тој ваш скриен талент, ќе развиете способност за откривање уште поделотворни начини за заработување. За тоа придонесуваат и одличните организациски способности и посебното чувство за бизнис. Кога ќе ја освестите и развиете својата способност за заработување, ќе го зацврстите и чувството на самодоверба и сигурност и вредно ќе го изградите своето приватно и материјално царство од соништата.

Социјална интелигенција – Сатурн во близнаци, вага или во водолија

Ако некогаш ви било непријатно кога требало да зборувате пред непознати луѓе – пред јавен настап ве фаќа страв или трема, а на испит едноставно не сте можеле да отворите уста или се плашевте јасно и гласно да кажете што мислите – вие имате текнато впечаток за вас дека не знаете да комуницирате или дека не сте доволно паметни. Со Сатурн во воздушен знак тој страв е често присутен се додека не ја сиакопате од длабочините скриената способност за лесно снаоѓање во секоја општествена ситуација. Тоа значи дека вие можете да ја доведете до совршенство својата скриена способност за вешта комуникација во сите нејзини облици, било да е говорена, пишана, креативно изразена преку сликање, филм,  фотографирање... имате дарба да учите со неверојатна леснотија и да го пренесувате знаењето и информациите. Кога некоја кризна ситуација ќе ве натера да го скршите мразот во друштвените ситуации, ќе забележите колку сте спретни во поврзување на идеите и луѓето, храбро ќе ги изнесувате своите ставови и ќе заблескате благодарение на својот бистар, брз и снаодлив ум. Ќе ве изненади силата на вашите идеи, почитувањето и популарноста која ќе ви ја донесат и способноста со нив да го менувате светот на подобро.  

Емоционална интелигенција – Сатурн во рак, шкорпија и риби

Со Сатурн во некој од водените знаци вашите стравови се врзани за чувставата и за способноста да остварите вистинска љубовна врска. Стравот може да биде причина да останете сами, емотивно изолирани од другите луѓе, без љубов. Но вашата посебна, скриена способност е интуитивното разбирање на светот на емоциите. Низ разни животни ситуации, а посебно во некои кризни периоди, од длабочината на вашата душа излегува големо разбирање и трпаливост. Да ги разбереш чувствата на другите значи да препознаеш и мотивација, па така вие едноставно знаете што секој човек го движи, што е неговиот најголем страв и каде се наоѓа неговото најосетливо место. Ова ви дава способност да бидете одличен советник и да се занимавате со професии што им помагаат на луѓето. Интуицијата е одлична без разлика со што се занимавате, а енергијата на Сатурн ви помага практично да ја искористите. Емотивно стабилни одвнатре, полесно ќе градите стабилност во други сегменти од животот, а најважно од сѐ е дека емотивната интелигенција ќе ви отвори широк пат кон длабоки љубовни врски.