Сашко Коцев се досети: „Да одиграме пријателска со јапонциве...“

Актерот Сашко Коцев, се огласи на социјалните мрежи со досетка поврзана со Светското првенство во фудбал кое се одржува во Катар. 

После натпреварот помеѓу Германија и Јапонија, во јавноста се објавија фотографии од јапонските навивачи, кои останале по натпреварот и помогнале во расчистување на отпадоците. Целиот свет го поздрави тој потег, а актерот Коцев досетливо ја поврзал таа нивна постапка со ситуацијата со отпадот во земјава. 

Имено, тој на Фејсбук напишал: „Да одиграме пријателска со јапанциве, да помогнат со ѓубрево колку-толку“.