Сарај е сончевиот град на СДСМ, низа реакции по вчерашната најава за изградба на елитна населба

Сместена меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина. 

Најголем дел од коментарите се оставени на објавата на фејсбук страната на Скопје Инфо. Граѓаните сметаат дека поважно за овој дел од градот е да се разработи и заживее комплексот „Треска“, а потоа да се инвестира во „елитни населби“ кои се несоодветни за нискиот стандард со кој живеат граѓаните. Тие прашуваат и кои се тие граѓани кои до Сарај ќе одат за да живеат т.н. „елитен живот“. 

Слични се и коментарите на твитер. Еден од твитовите кои собра најмногу лајкови е твитот дека комплексот кој ќе се гради е новиот сончев град, овој пат идеја на СДСМ.