Сара Кнежевиќ: Ајде да молчиме, бидејќи знаете... срамота е 

Одиме на улица,

Работа

Љубезни сме кон познаниците

Им нудиме рака на оние кои минуваат покрај нас

Насмевка

Убав збор

Нè прашуваат како сме

Велиме дека сме добро,

А знаеме дека не сме

Доаѓаме дома

Пари

Телефон 

Проблеми

Ги ставаме на масата пред нас

Го вадиме најлошото од себе

И го ставаме пред најблиските

И од нив бегаме бесни

Ставаме шминка на лицето

Облекуваме јакна и лажна радост

Велиме и ова ќе пројде

Мислиме во себе

Само да нè забележат 

Креваме глава

Бидејќи за личните тешкотии се молчи

А нашите четири ѕида

Ги знаат сите вистини

Нека ги скријат сите тајни

Ајде да молчиме, бидејќи знаете....

Срамота е.